На скопјанец му ја изгребаа колата, па му оставија ливче со извинување и телефонски број

На твитер е објавена фотографија од ливче на кое е оставен телефонски број откако бил изгребан автомобил на паркинг.

„Извинете ние ви ја изгребавме колата. Брат ми е почетен возач. Ве молам за разбирање. Ако има потреба за некаков надомест еве контакт број„, е напишано на ливчето.

Дури и корисникот на Твитер чија кола била е изгребана се изненадил  од целата ситуација.

-Денеска на паркинг ми ја изгребаа колата. Пријатно се изненадов кога го најдов ливчето. Се уште има поштени луѓе. П.С. Се слушнав со дечкото. Нема штета голема. Така да… Се е ОК, ќе части кафе некогаш, се вели во објавата.

Scroll to Top