Над 700 гости присуствуваа на првата кралска венчавка во Русија по 120 години, им готвеше готвачот на Путин

Во катедралата Св. Исак во Санкт Петербург се ожени големиот војвода Георгиј Михајлович Романов со неговата долгогодишна свршеница Викторија Бетарини, пренесуваат странските медиуми.

Ова е прва кралска венчавка на потомок од династијата Романови во Русија по 120 години.

На венчавката имаше многу гости, меѓу кои и претставници на 20 династии од целиот свет. Традиционалната царска церемонија траеше два дена, а за кетерингот беше одговорен Евгениј Пригогин, познат и како готвачот на Путин.

На вториот ден од венчавката беа поканети 700 гости во палатата Константиновски на ручек, каде следеа настапи во живо и аукција. Вечерта заврши со концерт како дел од отворањето на Руското царско музичко друштво.

Михајлович е роден во Шпанија, мајка му е големата војвотка Марија Владимировна, самопрогласена наследничка на рускиот престол, а татко му е големиот војвода Михаил Павлович. Поголемиот дел од животот го поминал во Шпанија и Франција. Првпат ја посетил Русија во 1992 година, а сега живее во Москва каде работи на голем број добротворни проекти.

Неговата сопруга, писателката Бетарини, минатата година се преобрати во руската православна вера и го доби името Викторија Романовна.

Во Русија ќе се одржи првата царска венчавка по повеќе од еден век

Scroll to Top