Во трезор во банка во САД се крие тајната за рецептот за пијалокот „Кока-Кола“. Многумина во последните 130 години безуспешно се обиделе да дојдат до него. Станува збор за рецепт кој е измислен во 1866 година од страна на доктор Џон С. Пембертон. Сокот кој на почетокот имал боја на карамел се продавал во аптеката „Џејкоб Фармација“ во Атланта. Пијалокот многу брзо станал популарен меѓу потрошувачите и веќе во 1894 година почнал да се продава во шишиња и да се дистрибуира. Кога е пуштена во продажба првата „Кока-Кола“, во неа имало само кокаин и кофеин.
Кокаинот бил добиен од лист на кокa, а кофеинот од билки, во чиј плод се содржело кофеин. Затоа што на англиски, овие зборови почнуваат со C и К, по нив е добиено името „Кока-Кола“. Буквата K подоцна ја промениле во C од маркетиншки причини. За името е задолжен Френк М. Робинсон, партнерот на Џон Памбертон.
Постојат бројни пречки на патот на потенцијалните крадци. Првата е трезорот. Иако многу туристи секоја година го посетуваат музејот на „Кока-Кола“, малкумина од нив можат да влезат низ вратата од трезорот. Овој трезор е опремен со најмодерна технологија, која го прави непробоен, а се наоѓа во комплекс од преку 8000 квадрати, преку патот на познатата улица Бакер. Во музејот може да се ужива во дегустација на разни пијалоци од растението кола, а туристите можат да однесат дома и оригинално шише од пијалокот.
Многумина се прашуваат дали некогаш се отстраниле лисјата од кока? Во формулата на Пемберт, Колата содржувала 142 грама кокаин од листот кога, по еден галон сируп. Во 1891 година, Кандлер ја намалил оваа количина на десетина од овој износ. Се проценува дека Кола соджри девет милиграми кокаин. Од составот е остранет во 1903 година, но не целосно. По 1904 година, компанијата почнала да ги користи остатоците од процесот на екстракција на кокаинот од листовите на кока, таканаречените потрошени лисја.
Од тогаш во „Кока-Кола“ се додава екстракт од лист на кока без кокаин. Тој се извлекува од листовите во фабриката „Степан“ во Њу Џерси, која е единствена компанија во САД овластена за оваа работа. Кога го промениле рецептот, во текот на денот примиле 1500 повици. Компанијата со години водела битка со новите компании кои произведувале пијалоци слични на Кока колата. На почетокот на осумдесетите години, „Пепси“ почна подобро да го продава својот пијалок низ супермаркетите. На тестирањата потрошувачите, на слепо го оценувале вкусот и одговарале дека „Пепси“ е подобро од „Кока-Кола“. Затоа од компанијата на „Кока-Кола“, одлучиле да го подобрат вкусот. Ја исфрлиле старата формула и во пролетта 1985 година, го подобриле пијалокот, со нова формула од која произлегол пијалокот „Њу-Кола“. Старата „Кока-Кола“ целосно ја исфрлиле.
Реакциите биле застрашувачки. Луѓето биле бесни, гневни и пишувале и испраќале писма во компанијата. Протестирале, се жалеле дека им ги уништиле спомените од детството. Во писмата пишувале дека повеќе не можеле да го замислат животот без оригиналната „Кока-Кола“. Во весниците се пишувало за овој феномен, а новата „Кола“ била исмеана. Вкупно 400.000 повици и писма стигнале во седиштето на компанијата во Атланта. Во текот на денот биле примени преку 1500 повици. Дури вработиле и психијатри за да ги слушаат клиентите и да им ги кажат професионалните мислење на директорите. Некои од корисниците биле толку депресивни, што преку телефон за повлекувањето на оригиналната „Кока-Кола“, зборувале како да доживеале смртен случај во семејството.
Водечките луѓе биле во дилема. Луѓето за време на тестирањата ја избрале новата „Кока-Кола“. Повеќето од нив одговориле дека попрво би го пиеле новиот пијалок, иако им било потребно време да се навикнат. Потрошувачите биле поделени. Продажбата на новиот пијалок постојано растел, но имало и купци кои целосно се откажале од новата „Кока-Кола“. Не сакале да го купуваат ниту стариот, ниту новиот пијалок. Некои пак не сакале да купуваат ниту „Пепси“. Директорите се плашеле како целата оваа ситуација, ќе се одрази на меѓународниот пазар.
Во меѓувреме, голем број луѓе, особено на југот во САД, барале враќање на старата формула. Имало луѓе кои купувале големи залихи на „Кока-Кола“ од Европа, а имало и такви како Гај Мулинс од Сиетл, кој основал своја организација Old Cola Drinkers. Тој побарал од водството во компанијата, повторно да го пушти во продажба стариот пијалок, или формулата да ја продадат на некој друг.
Само три месеци по лансирањето на новиот пијалок, на 11 јули, компанијата повторно ја вратила старата формула во продажба. Луѓето биле воодушевени. Гај Мулинс прв ја добил својата оригинална „Кока-Кола“, која по ново била наречена „Кока-Кола-Класик“ или „Кока-Класик“. До крајот на годината, овој пијалок се продавал повеќе и од новата „Кока-Кола“и од „Пепси“. Само шест месеци потоа, продажбата на новиот пијалок била двојно зголемена во однос на „Пепси“.
Многумина се прашувале дали станува збор за маркетиншки трик кој го направиле од компанијата на „Кока-Кола“. Од компанијата, одговориле дека не станува збор за трик, туку едноставна грешка. Многумина сметаат дека ваквата грешка на компаниајта се испоставила и како најдобар потег и обично на факултетите се споменува како пример, кога станува збор за одлучување на иднината на еден бренд.