Федералното биро за истрага (ФБИ) објавило листа на 41 најбаран човек во светот во сајбер-криминалот.
Тука се наоѓаат хакери што биле спонзорирани од државите, оние што краделе информации за имејловите на „Јаху“, но и оние што краделе светски популарни серии.
Бехзад Месри
Овој Ирачанец од ХБО украл неемитувани епизоди и сценарија од планетарно популарната серија „Игра на престолот“.
Барал откуп од шест милиони долари во биткоини.
Голамрез Рафатнеџад
Тој е основач на иранската хакерска компанија „Ирански хакери Мабна“, која ја финансира Техеран. Баран е за сајбер-кражба од речиси 30 теребајти податоци и интелектуални имоти на американски академици.
Освен него, на оваа листа е и менаџерот Ехсан Мохамади.
Мохамед Саед Аджили
Уште еден Ирачанец е на листата. Станува збор за Аджили, кој провалил во компанијата „Вермонт“, која за американската влада произведува оружје. Ги украл софтверот и дизајнот за проектилите.
Алексеј Белан
Еден од најголемите скандали изби минатата година кога е откриена кражба на информации со најмалку 500 милиони налози на „Јаху“.
За тоа е обвинет Белан од Летонија за кого е распишана потерница и понудена награда од 100.000 долари. Наводно, офицерите од руската ФСБ му платиле за да го направи тоа.
Дмитриј Александровиќ Докучаев и Игор Анатлијевиќ Сушчин
И двајцата наводно се офицери на ФСБ, кои регрутирале хакери за руската известувачка заедница. Еден од нивните регрути е и Алексеј Белан.
Јевгениј Михаиловиќ Богачев
Богачев е познат и како Славик, а важи за еден од најозлогласените руски хакери. Тој ги изуми „Zeus“ и „GameOver Zeus“, кои ги користел за кражба на податоци и шифри за банкарските сметки.
На тој начин украл над 100 милиони долари. За информации за него ФБИ дава до три милиони долари. На листата се и неговите ученици, членови на групата Jabber Zeus.
Кинеската воена хакерска единица
Петмина воени хакери од Кинеската народна ослободувачка армија наводно против САД извршиле злосторства така што украле информации за нуклеарните и соларните електрани и металните индустрии.