Најголема грешка е да отидете неподготвени на интервјуто за работа. Кога не сте доволно подготвени, не знаете што треба да прашате, очекувате тие нешто да ве прашаат, значи дека сте во пасивна позиција на очекувања. Работодавците најчесто не бараат пасивци, туку комуникативни и самоиницијативни личности.
Дознајте што е можно повеќе за фабриката во која сакате да се вработите. Распрашајте се за сите етапи што треба да ги поминете пред да ја добиете работата: дали постои писмено тестирање, устен разговор, дали се пишува некаков есеј, какви потврди ви се потребни, на кој јазик ќе се одвива тестирањето итн.
Вашите одговори нека не бидат прекратки, ниту предолги. Пронајдете умереност и во одговорот на прашањата. Во две-три реченици јасно и мирно одговарајте на прашањата.
Внимавајте да не звучите очајно поради силната потреба да ја добиете работата. Тоа може да го оддалечи работодавецот.
Подготовката за разговорот ни помага да не се блокираме, да се сетиме на важни информации, како името на фирмата во која сме работеле или личноста што ни била надредена на последното работно место.
Сите информации во биографијата треба да бидат вистинити, точни и прецизни.
Лично е важно да не доцните на разговорот. Освен тоа, важно е да го намалите звукот на мобилниот за да не се разѕвони среде разговорот за работа.
Каков впечаток ќе оставите зависи и од нашиот изглед, примерниот и деловен изглед може да влијае на тоа како работодавецот ќе ве доживее.
Еве едно корисно искуство: една испитаничка била на тестирање за работа во една банка. Кажано ѝ е дека од сите 300 кандидати, само 10 од нив ќе бидат повикани на разговор уште истиот ден или во наредните 13 часа. Откога поминало доста време и никој не ѝ се јавил, испитаничката отишла дома и потоа во град на кафе, облечена во фармерки и апостолки. По половина час, ја повикале што е можно побргу да дојде на разговор за работа. Отишла облечена во фармерки и апостолки затоа што немала време да отиде до дома да се пресоблече. Поука? Останете спремни за разговор за работа барем тој ден кога ви е кажано дека ќе бидете повикани.
Предолгите преговори за плаќањето ја смалуваат вредноста на вработувањето. Флексибилноста не мора да го исклучува јасниот став. И пребрзото прифаќање исто така може да изгледа одбивно, кое укажува на личност без став, која не си го цени доволно својот труд. Бидете подготвени за разговор во врска со платата и евентуални компромиси.