Секоја врска се развива со одредено темпо и затоа е тешко да се каже кога е вистинското време партнерите да почнат да живеат заедно.
На многу парови почнувањето заеднички живот им изгледа како едноставен и логичен чекор. Заштедуваат пари, имаат помош и друштво дома… Додека, од друга страна, за некој тоа претставува спас за врската, финансиите и слично.
Меѓутоа, не е сè така сјајно во заедничкиот живот, што и го докажа истражувањето спроведено на 2.000 возрасни Британци, кои се во љубовна врска. Дури 79 % од луѓето биле изненадени од некои аспекти од однесувањето на својот партнер откако почнале да живеат заедно.
Оставањето вклучено светло кога не се во собата се покажало како најчест проблем, како и ‘рчењето и оставањето вклучени електронски уреди.
Според споменатото истражување, ова е листа од девет работи за кои партнерите најчесто имале забелешки еден кон друг во заедничкиот живот.
- Оставање вклучено светло;
- ‘Рчење;
- Расфрлени работи;
- Фрлање храна;
- Не оставање алишта за перење;
- Не подигнување на штицата од веце-школката;
- Предолго туширање;
- Оставање на телевизорот и други електрични уреди вклучени.