Најчести забелешки помеѓу партнерите

Секоја врска се развива со одредено темпо и затоа е тешко да се каже кога е вистинското време партнерите да почнат да живеат заедно.

На многу парови почнувањето заеднички живот им изгледа како едноставен и логичен чекор. Заштедуваат пари, имаат помош и друштво дома… Додека, од друга страна, за некој тоа претставува спас за врската, финансиите и слично.

Меѓутоа, не е сè така сјајно во заедничкиот живот, што и го докажа истражувањето спроведено на 2.000 возрасни Британци, кои се во љубовна врска. Дури 79 % од луѓето биле изненадени од некои аспекти од однесувањето на својот партнер откако почнале да живеат заедно.

Оставањето вклучено светло кога не се во собата се покажало како најчест проблем, како и ‘рчењето и оставањето вклучени електронски уреди.

Според споменатото истражување, ова е листа од девет работи за кои партнерите најчесто имале забелешки еден кон друг во заедничкиот живот.

  • Оставање вклучено светло;
  • ‘Рчење;
  • Расфрлени работи;
  • Фрлање храна;
  • Не оставање алишта за перење;
  • Не подигнување на штицата од веце-школката;
  • Предолго туширање;
  • Оставање на телевизорот и други електрични уреди вклучени.
Scroll to Top