Најлоши жени за врска според хороскопот

Жените рангирани од најлоши кон најдобри за врска според хороскопот.

Скорпија

Жената скорпија е најстрашна од сите знаци. Тие се насекаде и контролираат сè од што се состои врската. Се прикажуваат како ладни и нечувствителни, а ако сакате да бидете со нив, подгответе се да слушнете сè што мислат, но не во завиена форма. Не се злобни, искрени се и не се воздржуваат. Ако згазите преку нив, ќе ја видите нивната безмилосност. Ги држат нивните стандарди на високо ниво, па со нив може да се чувствувате како да мора „да газите врз јајца“. Непредвидливи се, па може да бидете на нивна страна и да останете безбедни, или да ве уништат. Тешко ќе се заљубите во нив, но потоа ќе ги сакате за цел живот.

Девица

Девиците се најкритични од сите знаци. Ова ја прави врската тешка бидејќи тие никогаш не мислат дека се доволно добри за личноста за која се заинтересирани. Несигурни се и љубоморни, што најчесто води до пропаст. Перфекционисти се, па ако не успеат во нешто, може да видите дека однатре се распаѓаат и казнуваат. Освен што се критички настроени кон себе, тие ќе се истурат и врз вас. Тешко е да бидете со некого кој не се сака себеси и не прави ништо за да мислите дека ве сака барем вас.

Овен

Тие избрзуваат многу со работите кога станува збор за врските. Сакаат да преземаат контрола врз секоја ситуација која за многу мажи понекогаш е тешка. Нивниот силен карактер може да биде причина поради која привлекле некого, но истиот може да биде и причина за одбивност подоцна. На овните им треба некој што е различен од нив. Тие секогаш ќе носат одлуки, па ќе мора да можете да го прифаќате тоа. Имаат брз јазик и тежок карактер, но кога ќе ги запознаете, ќе сфатите дека се многу чувствителни.

Бик

Од сите знаци, најтешко е да влезете во врска со жена бик. Тие не се заинтересирани за тоа. Не е дека не сакаат да се согласуваат со луѓето, едноставно имаат свој начин на живот и среќни се со него. Може да ви го скршат срцето полошо од кој било и да избегаат. Имаат ладно срце, а по крајот на врската, заборавете на втора шанса. Не веруваат во играње игри со луѓето бидејќи сами ги поставуваат правилата.

Рак

Жените во овој знак не се лоши девојки, напротив, би биле едни од најдобрите, доколку не ги оттурнуваат луѓето од себе толку многу. Не веруваат никому освен на самите себе, па врските за нив се тежок предизвик. Се плашат да сакаат, иако имаат желба за тоа, па токму затоа завршуваат во врска која мислат дека е здрава на свој начин. Премногу се преиспитуваат и тешко носат одлуки. Иако се преправаат дека не се заинтересирани, вистината е дека се загрижени.

Лав

Лавовите се безнадежни романтичари со нереални очекувања. Иако се подготвени да направат сè за личноста која ја сакаат, сепак може и да им се допаднат други луѓе. Ги фрустрира кога даваат сè што имаат на некого што воопшто не им возвраќа во слична мера. Често знаат да налетаат на погрешни луѓе без разлика колку ги повредиле, никогаш не го слушаат советот на пријателите и вртат во нивниот круг. Не се лоши девојки, но бираат луѓе со кои не би се приврзале.

Водолија

Не се баш најдобри девојки, но не може да се наречат и најлоши. Тие обично се најчудни од сите знаци, но тоа не е секогаш лоша работа. Ја сакаат својата слобода и често избегнуваат врски, но ако успеете да приврзете некоја за вас, ќе ја имате нејзината лојалност за цел живот. На вашите недостатоци ќе гледаат со восхит, но на нивните со омраза. Најтешко во врската со водолија може да биде да ја научите да се сака себеси, иако може вас да ве сака најдобро што може. Премногу размислуваат, па секогаш ќе мора да го слушате и нивното измислено сценарио. Трпеливоста е клучна.

Близнаци

Овие жени имаат две различни страни – половина од времето тие се забавни и расположени, а во преостанатото време може да бидат негативни и намуртени. Во врската секогаш се обидуваат да ја скријат едната страна, но со тек на време, ќе мора да се навикнете и да ги прифатите какви што се. Тие ги ценат лојалноста и довербата, но ако еднаш поминете преку нив, може да ве избришат без да трепнат. Втората шанса за нив е непознат поим, сакаат силно, а страдаат уште посилно. Но, никогаш нема да го покажат тоа.

Вага

Вагите се едни од најљубезните хороскопски знаци, а жените во врската се обидуваат да избегнат конфликти, иако тоа може да биде негативна карактеристика понекогаш. Тие секогаш целат да бидат позитивни и среќни, а ако некој ги повреди, тоа го чувствуваат многу длабоко. Даваат сè од себе за партнерот и ретко ги ставаат сопствените потреби на прво место. Сепак, тие зрачат со харизма и со други луѓе без да забележат, па внимавајте да не бидете љубоморен тип ако сакате врската со вага да ви опстои.

Јарец

Жените во овој знак се родени перфекционисти, а кога се работи за врски, тие ќе го дадат најдоброто од себе. Секогаш сакаат да бидат доминантни, но секогаш ќе бидат покрај вас, бранејќи ве и чувајќи го вашиот грб од сè и секого. Луѓето кои ги сакаат се оние кои најмногу им значат, но често знаат да ги скријат чувствата. Јарците го чуваат своето срце, па ако успеете да го добиете, може да се сметате за посебен.

Риби

На прв поглед, жените во овој знак изгледаат срамежливо и може да ве оттргнат од нив. Но, со малку труд, кога ќе се пробиете до нив, ќе ја добиете нивната доверба, која е најценета. На партнерот му даваат голема поддршка и секогаш се покрај него. Рибите одлично можат да ги прочитаат луѓето, па имаат посебен начин на запознавање и зближување. Од сите знаци, тие се најчувствителни, па никогаш нема да смислат нешто лошо за да ве повредат. Ако згрешат, прво ќе се извинат и ќе се обидат да ја поправат грешката.

Стрелец

Иако кон себеси се големи критичари, сепак, во врската никогаш нема да се постават лошо кон вас. Го подигнуваат расположението на партнерот и секогаш на прво место ги става туѓите потреби. Ова може да доведе до потиснување на сопствените чувства. Довербата е многу важна за нив, а ќе ви бидат лојални до крајот на животот. Сакаат силно и размислуваат на сè, а со своите постапки постојано покажуваат почит. Стрелците се чуваат, но ако ги скршите ѕидовите, го имате нивното срце засекогаш.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top