Најљубоморни хороскопски знаци

Најљубоморни луѓе според хороскопот се:

Скорпии

Овој факт не е изненадувачки, бидејќи во повеќето случаи тие се крајно посесивни кога станува збор за љубовта. Скорпиите се најдобар пример за екстремни љубоморни сцени и испади во јавност. Тие едноставно не можат да го контролираат ова чувство и при самата помисла дека нивниот партнер може да биде неверен, ја губат контролата врз себе и не размислуваат за последиците. Значи, не станува збор само за безопасна љубомора што создава чувство на пеперутки во стомакот, туку за вистинска директна воена игра на страст, возбуда, интриги и љубоморни сцени.

Љубомората на Шкорпија понекогаш служи како афродизијак, бидејќи чувствуваат неверојатна привлечност кон личноста за која и другите покажуваат интерес. Тие, како што покажува праксата, се толку театрални што доста често знаат да направат и љубоморни сцени како во филмовите.

Бикови

Биковите често знаат да бидат премногу заштитнички настроени, и затоа се љубоморни. Сакаат да присвојуваат работи, а често и луѓе, па затоа тешко го прифаќаат фактот дека нешто не е или не може да биде нивно. Речиси за секунда, паѓа темнината врз нивните очи и ги обзема чувството на љубомора кога мислат дека некој „фрлил око“ на нешто што е „нивно“. Во тие моменти, залуден е секој обид да ги убедиме дека не се во право.

Биковите, од друга страна, се исклучително лојални луѓе. Тие не дозволуваат никој да го допре и да го погледне она што е нивно, но исто така, не гледаат или допираат туѓи луѓе. Играат само фер-плеј.

Лавови

Лавовите се многу горди на себе и на сè што прават, вклучувајќи ја и љубовната врска што ја градат. Нивното пренагласено его не дозволува да бидат повредени, па понекогаш опсесивно бараат докази за неверство и лаги од страна на партнерот. Ако лавот почувствува дека работите зад неговиот грб, тој никогаш нема да си прости најпрво себеси (затоа што не открил на време), а потоа и вам.

Кај нив, сè се врти околу прашањето за чест, којашто тој ја смета за неприкосновена. Иако понекогаш реагира многу насилно и нетактично, во повеќето случаи демне од страна и се обидува да ја надмине љубомората што го обзема,

Scroll to Top