Најпознатите „јутјубери“ боксуваа во рингот во Манчестер шест рунди

Боксерскиот меч кој на 25 август го организираа „јутјуберите“ Олајдеј „Кси” Олатунџи и Логан Пол, заврши нерешено по одиграни шест рунди. Британецот КСИ кој на популарната јутјуб мрежа го следат 19,4 милиони обожаватели и американскиот јутјубер Логан Пол, кој има 18,2 милиони фанови се сретнаа во „Манчестер Арената“.

И двајцата тврдат дека нивната борба е најголемиот интернет настан кој се случил во историјата.

Заедно имаат преку 37 милиони претплатници на најпознатиот видео-сервис. Гледаноста на мечот била преголема. Странските медиуми пишуваат дека по бројот на прегледи, го надминале и мечот меѓу Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер.

Одлуката за изедначеноста на крајот на борбата не наиде на одобрување од публиката. И двајцата боксери веднаш најавија нова борба по која на крајот еден од нив ќе излезе како победник. Првата средба се одржа во Британија, а втората и двајцата од претходно одлучија да се одржи во Соединетите Американски Држави во февруари наредната година.

За борбата во „Манчестер Арената“ продадени биле дури 15.000 влезници, а илјадници луѓе платице цена од 9 евра за да го гледаат истиот онлајн на „Јутјуб“.

Пред борбата постојано си упатувале навреди еден кон друг, а по мечот и двајцата тврделе дека требало да победат.

Олајдеј „Кси” Олатунџи е 25 годишен британски гејмер, додека Логан Пол е 23 годишен американски поранешен борач.

Scroll to Top