Најстарата жена на светот ја откри тајната за долг и среќен живот

На 9 март оваа година, во Гинесовата книга за рекорди беше забележано името на Кане Танака од Јапонија како најстарата личност на оваа планета. Кане, која е стара 116 години, и покрај нејзините здравствени проблеми, вели дека е среќна и задоволна жена која ужива во секој момент.

Кане е родена на 2 јануари 1903 година. Била седмото дете во семејството, а самата родила пет деца во бракот со Хајд Танака. Кане вели дека се омажила со Хајд истиот ден кога се запознале.

Нејзиниот маж имал семејна фирма и се занимавал со производство на традиционални јапонски слатки. Во 1937 година Хајд бил поканет во воена служба, а Кане останала да се грижи за семејниот бизнис.

Таа правела слатки и водела сметка за своите деца и свекрва. Нејзиниот прв син Нобу исто така бил мобилизиран во 1943 година, а се вратил дома по завршувањето на Втората светска војна.

Кане и понатаму продолжила да се грижи за семејната фирма, си додека не наполнила 63 години и морала да се повлече поради старост.

Совети за долг живот на Кане Танака:

Кане вели дека секој ден станува рано. Секое утро се буди во шест часот наутро. Омилена активност ѝ е развивање на мозочните клетки, а  вели дека го тоа прави преку учење математика. Таа ги советува сите да бидат активни и дружељубиви и  вели дека обожава друштвени игри и ги игра со задоволство во домот во кој живее.

Кане ги советува сите да јадат многу чоколадо и да пијат многу кафе. Тоа е тоа што таа го прави. На церемонијата која ја организирала Гинесовата книга на рекорди, Кејн добила кутија со чоколадо која веднаш ја отворила. Таа признава дека тој ден изела 100 чоколади.

Кане признава дека нејзиното големо семејство е задолжено за нејзината среќа и долговечност. Смета дека најголемата тајна е во тоа никогаш да не ја губите надежта, без разлика на околностите.

„Кога веќе дотуркав толку далеку, сега немам друг избор освен да се трудам уште повеќе. Давам сè од себе“, изјавила Кане кога наполнила 113 години.

Минатата година Кане признала дека би сакала да доживее да го прослави 120. роденден.

 

Scroll to Top