НАЈСТАРОТО СЕМЕЈСТВО ГО ОТКРИ ЕЛИКСИРОТ НА ЖИВОТОТ – Јадат се од тоа што го одгледуваат и не користат пестициди

Вкупно имаат 1075 години и 68 дена: Семејството Донели од Северна Ирска се смета за најстарото во светот, па така се запишани и во Гинесовата книга на рекорди. Сега 13 члена од семејството ја открија својата тајна – тоа е традиционалната каша.

Како и сите селани, и тие се хранат здраво и еколошки. Јадат свинско месо и од кокошките кои самите ги одгледуваат. Уверени се дека тајната на нивната долговечност е во кашата која не ја јадат исклучиво за доручек, туку понекогаш и за време на вечера, пренесува британски Телеграф.

Вечерата околу 10 навечер, а потоа повторно каша во 7 наутро, а јадеме варен овес, млеко, и малку лажичка мармалад, објаснува седудесетгодишниот Лео, кој воедно е и најмладиот член на семејството.

Долговечното семејство, го привлече вниманието ширум јавноста, па за нив се заинтересираа и експертите.   Група научници од Меѓународниот центар за долговечност (ILC) спроведе студија за нивната прехрамбена навика. Експерите им  даваат за право: Овесната каша го намалува високиот крвен притисок, го лечи дијабетисот, го намалува холестеролот, и го штити телото од срцеви заболувања.

Една американска студија, покажала дека луѓето кои јадат храна богата со лековити житарици, како зоби, имаат 15% помала веројтност да починат од срцеви заболувања.

Но, кај долговечните жители од Северна Ирска, не станува збор само за начинот на прехрана, туку и за животниот стил.

Ова семејство живее здраво и избегнува алкохол. Овесната каша која ја јадат домашните се со најдобар квалитет, никогаш не јадат преработена, купена храна. „Овошјето кое го јадеме, самите го одгледуваме, јајцата ни ги носат нашите кокошки, сланината е од нашите свињи, самите го преработуваме лебот. Не јадеме увезен овес, вели Питер и Елен Донели, од Армагха во Северна Ирска, каде живеат со своите 16 деца. Тројца умреле, а остантите денеска имаат од 72 до 93 години. Елена живеела до 94 година.

На својата голема фарма, фамилиајта одгледувала јаболки и други производи кои ги откупува прехрамбената индустрија. Се фалат дека не користат пестициди

На 90-от роденден, сестрата Маурен, на сега покојниот брат Аустин, зводеле расправија дали би можеле да се запишат во Гинесовата книга на рекорди како најстаро семејство на светот. Додека се расправале, Аустин за жал починал.

Рецептот за долг живот

– Доручек во 7 часот: овесна каша со домашен мармалад.

– Ручек во 13 часот: Готвено сезонско овошје (грав, зелка, компир, грашок, цвекло), понекогаш јајца, домашен леб, шоља чај.

– Вечера во 18 часот: Викенд месо, обично домашно говедско, со компири и зеленчук, а инаку јајца, овошје, домашен леб и овошје.

– Последниот оброк во 22 часот: овесна каша, по желба со лажичка џем од јаболка

– Меѓуоброци и малку закуска: Јаболка, леб, чај.

 

Scroll to Top