Најубавото девојче на светот продолжува да чекори по модните писти

Девојчето со сини очи Тајлин Блонди (17) е прогласено за најубаво во светот кога имало само 6 години. Многумина ѝ предвидувале блескава модна кариера и прошетки на пистите на најпознатите светски дизајнери. Тајлен пред неколку дена е снимена како ужива со пријателите на плажа во Сан Тропе, а титулата што ја добила како девојче и денес гордо ја носи. Таа е преубава девојка која мами воздишки кај мажите ширум светот. На „Инстаграм“ ја следат 2,3 милиони луѓе.

Сега само усните потсетуваат на некогашното девојче. Французинката на само 4 години за првпат зачекори на пистата, на ревијата на славнииот Жан Пол Готје, а кога наполни 10 години се сликаше за едиторијалот „Вог“. Тогаш нејзиното име се појави во сите водечки таблоиди ширум светот.

🥤🥤

A post shared by Thylane (@thylaneblondeau) on

Од тогаш, Тајлин продолжува со својата блескава манекенска кариера. Ја застапува американската агенција за таленти WME. Минатата година двапати одела на пистата носејќи ги моделите на Долче и Габана. Исто така е амбасадор на „Лореал“ и изгради импресивен профил на „Инстаграм“ што го следат 2,2 милиони луѓе.

A post shared by Thylane (@thylaneblondeau) on

На „Инстаграм“ редовно објавува форогорафии од снимањата со пријателите и семејството. Учествувала на снимањето за „Вог“ кога имала само шест години, што предизвикало загриженост во јавноста поради користењето деца како модел.

Фотографирањето за „Вог“ исто така претрпело бројни критики затоа што многумина изјавиле дека таа на тие слики изгледала како сексуален објект.

X

A post shared by Thylane (@thylaneblondeau) on

Титулата најубаво девојче на светот ѝ донела многу позитивни работи,  оваа млада Французинка денес може да ја добие титулата најубава тинејџерка во светот.

Да потсетиме, нејзините познати родители, фудбалерот Патрик Блонди и актерката Вероника Лоуби, ја внесоа во овој свет уште од мали нозе.

 

 

Scroll to Top