Намалете ги брчките со хијалуронски пилинг

Кога кожата старее, нивото на природно создадената хијалуронска киселина во неа се намалува. Како последица на тоа почнуваат да се формираат површински линии и подлабоки брчки. Експертите советуваат дека брчките треба да се третираат уште на почетокот на нивното создавање.

„Со возраста се забавува процесот на обновување на кожата. Затоа потешко се ослободуваме од мртвите клетки, а кожата станува погруба и со нездрав сјај. Зрелата кожа ја губи еластичноста и способноста да произведува доволно хијалуронска киселина, којшто е природен пополнувач на брчките,“ рече Д–р Соња Доневска Петрушевска, дерматолог.

Таа објасни дека  ноќниот пилинг и серум од линијата Hyaluron-Filler на „Еуцерин“ прави траен пилинг-ефект на кожата и истовремено ја измазнува кожата и ги пополнува брчките. Зардаи двојното дејство, кожата станува помазна и помлада.  „Ноќниот пилинг и серум, прават нежна ексфолијација на кожата, ја намалуваат длабочината на брчките и фините линии, ефикасно ја обновуваат кожата, ја хидрираат и ги стеснуваат порите“, објасни Доневска-Петрушевска.

Scroll to Top