Наместо парична казна, полицијата ќе ги тера возачите да прават пауза од еден еден час

Полицијата во Естонија покрена кампања против брзите возачи. Според новите закони, полицијата на возачите кои ќе бидат сопрени за брзо возење, можат да им понудат два избори. Или да платат парична казна или да чекаат еден час со нив, време кое можат да го искористат за да ги смират страстите.

Според новата кампања, ако возачот одлучи да направи „одмор“, мора да седи во полициското возило околу еден час. За надминување на брзината до 21 километар на час, непримерните возачи ќе мораат да го прекинат со возење 45 минути, а за пречекорување од 21 до 40 километри на час, повеќе од еден час.

„Разговаравме со бројни возачи и така дојдовме до идејата за таканаречен „тајм аут“. Велат дека паричните казни денес повеќе немаат влијание. Возачите ги доживуваат како обични сметки. Ќе ги платат и забораваат на нив. Од друга страна, постојано се нервираат ако мораат да поминат еден час во полициско возило“, велат полицајците.

Досега полицијата паричните казни со прекин на возењето ги применувале само на оние кои прв пат ќе ги фателе како ја надминуваат дозволената брзина.

„Речиси сите возачи кои ќе поминат еден час во полициското возило, подоцна се смируваат. Дури и возат под ограничената брзина. Така што мислам дека ова решение може да се покаже како исправно“, велат од полицијата.

 

Scroll to Top