Направена најскапата маргарита на светот

By

Ви го претставуваме ексклузивниот коктел поради кој може да ви се стемни кога ќе ја слушнете цената. Еден лондонски ресторан ја креираше, најверојатно, најскапата маргарита на светот, која чини неверојатни 56.400 евра, за само една чаша.

Кој ќе ја нарача, треба да знае дека ќе му биде донесена од страна на конобар, во придружба на неколку телохранители, затоа што во средината на коктелот се наоѓа блескав дијамант од 4,1 карати.

Најскапата маргарита ја направил мексиканскиот ресторан Кантина Ларедо, по повод Светскиот ден на маргаритата, кој ќе биде одбележан на 22 февруари.

Екстравагантниот коктел се состои од мешавина на две „Блу Рибон“ текили, кој чинат околу 2250 евра по шише. Наместо вар, кој стандардно се користи за маргаритата, во коктелот од 56,400 евра, добивате сок од бел ананас и хибрден вар.

За несекојдневниот вкус допринесува и варот од Австралија, познат како кавијар од вар. Коктелот се украсува со цвет од ананас, а во средината се спушта дијамантот.

„Многу е вложено во балансот на ваквиот вкус, а со дијамантот во средина, овој пијалок е интересен начин за да ја запросите сродната душа“, вели сопственикот на ресторанот Дин Гинсберг.

 

Ќе ви се допадне

The Irregular at Magic High School (https://kissanimeonline.com/m/vMq) Episode 26 at KissAnime your lie in april kissanime

Watch Rent-a-Girlfriend Episode 11 (https://animeplanet.cc/m/d21R/ep-11) at AnimePlanet fruits basket anime planet