НАСА најави дека ќе испрати астронаути на Месечината во 2025 година

Американците планираат да испратат астронаути на Месечината во 2025 година. Оваа мисија ќе се одвива во рамки на програмата „Артемис“. Првично беше планирано да бидат испратени во 2024 година, цел која ја постави администрацијата на Доналд Трамп во 2017 година, рече шефот на Американската Национална управа за аеронаутика и вселената Бил Нелсон.

„Целта на администрацијата на Трамп за слетување на луѓето во 2024 година не беше заснован на техничка изводливост“, рече Нелсон на новинарите, пренесе CNBS.

Тој рече дека промените кои се потребни да се направат ќе доведе до тоа мисијата Artemis-2, која ќе биде мисија со човечки екипаж, да биде одложена најрано до 2025 година.

НАСА на 16 април објави дека Space X потпиша договор вреден 2,89 милијарди долари чија задача ќе биде безбедно да испрати на површината на Месечината 2 американски астронаути.

Мисијата ќе започне со помош на моќната ракета Space Lunch System и Orion летало, кое кружи околу Земјиниот сателит.

Мисијата Artemis I, која ќе се одвива без астронаути и во која леталото ќе кружи околу Месечината е одложена и е планирана да се случи на пролет 2022 година.

 

Scroll to Top