НАСА планира да создаде кислород на Марс во 2020 год.

By

НАСА планира да создаде кислород од атмосферата на Марс кога нејзиниот следен робот ќе пристигне на мистериозната Црвена Планета во 2020 година.

Научниците ќе испратат микробен живот, алги или бактерии на мисијата „Ровер 2020“ во обид да создадат воздух погоден за човекот.

Нивната цел е да ги хранат микроорганизмите на површината на Марс со надеж дека тие ќе исфрлат кислород како нуспроизвод што подоцна би можел да се користи за дишење или како ракетно гориво за враќање на Земјата.

Ако експериментот е успешен, тогаш тоа ќе биде важен чекор кон населување и колонизирање на Марс во иднина.

Атмосферата на Марс содржи 0,13% кислород, во споредба со 21% на Земјата.

„Марс 2020 е експеримент со кој ќе се обидеме да создадеме кислород од атмосферата на Марс, што подоцна ќе го користи човекот“, изјави главниот администратор на НАСА, Роберт Лајтфут.

Американската влада планира да изгради магнетен штит околу Марс и да инсталира нуклеарен реактор на планетата.

Оттаму се надеваат дека ќе лансираат вселенска станица близу Месечината што може да дејствува како појдовна точка за мисиите кон остатокот од Сончевиот Систем.

Лајтфут вели дека ова е логичен следен чекор по успехот на Меѓународната вселенска станица. „Кога ги анализираме нашите планови за колонизирање на Марс, ја користиме Меѓународната вселенска станица колку што можеме“.

И извршниот директор на „Спејсекс“, Илон Маск, ги објави своите планови за колонизација на Марс.

Ќе ви се допадне