НАСА прави суперсоничен авион кој за три часа ќе стигне од Њујорк до Лондон

Леталото кое ќе биде побрзо од звукот, ќе има ознака „QueSST“, и ќе патува од Њујорк до Лондон (5500 километри) за само три часа.

За негова изработка одвоени биле 19,9 милијарди долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри планот на Националната вселенска агенција (НАСА), за изградба на новата генерација на суперсонични авиони, кои во медиумите се познати како „кокордов син“.

Новиот авион би требало да полета во 2021 година, а максималната брзина ќе му биде 1800 километри на час.

Овој авион, чија ознака е „QueSST“, растојанието од Њујорк до Лондон (5500 километри) ќе го мине за само три часа. Администрацијата на Трамп за НАСА одобри буџет од 19,9 милијарди долари за оваа година, што е за 500 милиони долари повеќе од претходната.

„Експрименталниот суперсоничен авион својот прв лет ќе го има во 2021 година. Тој ќе отвори целосно нов пазар за американската компанија од градење на брзи комерцијални летови и отворање на нови работни места. Овој авион ќе го преполови времето на летање од едниот крај на земјата до другиот“, наведуваат во соопштението на НАСА.

 

 

Плановите за изградба на суперсоничен авион се покренати во јуни 2017 година. Изработката е доверена на компанијата „Lokid Martin“, која работи на изработка на воени летала. Прелиминарните дизајни многу потсетуваат на „конкорд“. Во компанијата веруваат дека ќе успеат да ја намалат бучавоста која „конкорд“ ја предизвикувал при пробивањето на звучниот ѕид.

Особено внимание се посветува на намалувањето на бучавата која авионот ја произведува при пробивањето на звучниот ѕид. Утврдено е дека издолжениот и тенок облик на леталото произведува помала бучава. Звукот кој ќе се слуша на земјата, таканаречениот изненадувачки татнеж (пукање) на звучните бранови, настанува на деловите на авионот во моментите кога авионот ја преминува надзвучната брзина. Всушност, се слушаат два татнежи, првиот во моментот на преминување од подзвучната на надзвучна брзина, а вториот во моментите на враќање од надзвучната кон подзвучната брзина.

 

Scroll to Top