НАСА сними ѕвезда што досега е најодалечена од Земјата

Космичкиот брод на американската агенција НАСА сними фотографија од ѕвезда на оддалеченост од речиси шест милијарди километри од Земјата.

Ова е нов рекорд кога станува збор за фотографиите направени од најголема оддалеченост од нашата планета досега.

Космичкиот брод „Нов хоризонт“ е длабоко во космосот, а во декември е снимена фотографија од група ѕвезди на кои се гледаат два објекта во таканаречената зона на самракот на париметарот од нашиот соларен систем.

НАСА овие спектакуларни фотографии ги објавила а космичкиот брод „Нов хоризонт“ минал покрај Плутон во 2015 година.

Инаку, за 1 јануари 2019 година планирана е блиска средба со уште една ледена планета, која е 1,5 милијарда километри оддалечена од Плутон, наведуваат од американската агенција.

 

Scroll to Top