Насилно уапсен Марко Џуриќ, а Вучиќ разговара со Путин за немирите во Косово

By

Припадниците на специјалните единиц „ROSU“, го однеле директорот на канцеларијата на Косово и Метохија, Марко Џуриќ како најлош криминалец во полициската станица во центарот на Приштина.

Спротивно на сите договори, Марко Џуриќ бил приведен во брутална полициска акција на специјалните единици на косовската полиција, во Косовска Митровица, каде требало да биде одржан внатрешен дијалог за јужната српска покраина. Џуриќ е префрлен во Приштина, а во 19:30 часот во Белград ќе се состане Советот за национална безбедност.

Според последните информации кои доаѓаат од тамошните медиуми, претседателот на Србија, Александар Вучиќ контактирал со рускиот претседател Владимир Путин, за апсењето на Џуриќ.

Никола Селаковиќ го потврдил апсењето на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Џуриќ.

„Ова е скандал, тероризирање на голоракиот народ, генералниот секретар на претседателот на Србија. Потешко се повредени Ненад Рикало, Жељко Јовиќ, Зоран Тодиќ, Иван Милојевиќ и Небојша Милановиќ, е наведено на конференцијата за медиумите во Косовоска Митровица. Се очекува Џуриќ да биде пуштен на слобода веднаш.

„Се надевам дека е добро, тој е приведен, и наскоро очекувам негово ослободување. Тој дојде како слободен човек“, вели Селаковиќ.

 

Ќе ви се допадне