Научници од Канада тврдат дека знаат како настанал животот на Земјата

Светски научници од Универзитетот „Мекмастер“ во Канада велат дека го знаат одговорот за тоа како настанал животот на Земјата, пишува „Дејли мејл“. Тие ја поддржуваат теоријата на Чарлс Дарвин од 1871 година, за тоа дека првите живи суштества настанале во некое топло езеро со амонијак и фосфорна сол.

„За да го сфатиме потеклото на животот, мора да знаеме какви услови постоеле на Земјата пред неколку милијарди години“, вели д-р Томас Хенинг, еден од авторите на истражувањето.

Хенинг објаснува дека животот на нашата планета настанал пред околу 4,5 или 3,7 милијарди години, како резултат на удар на мал метеорит со амонијак и водород цијанид, кој паднал во некое езеро на планетава.

Пресметките велат дека првите молекули на рибонуклеинска киселина (RNA) настанале во текот на оваа фаза, а кога езерото пресушило, тие формирале долги синџири. Овие синџири продолжиле да се шират за време на „влажните и сувите“ циклуси на Земјата, и во некои поволни околности спонтано се повторувале.

Овие молекули го задржале првиот генски код на животот на нашата планета.

Scroll to Top