„Не успеав да му се заблагодарам, заради него ја освоив жена ми“, кошаркарот Никола Јокиќ се прости од Балашевиќ

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ емотивно ја поднесе веста за смртта на славниот канавтор Ѓорѓе Балашевиќ. Тој вели дека поради него, тој успеал да ја заведе неговата сегашна сопруга.

„Голем фан сум на ликот и делото на Ѓорѓе Балашевиќ. Сега имам помешани емоции. Не стигнав да го запознаам и да му се заблагодарам што ми помогна да ја „измамам“ мојата девојка која сега веќе ми е сопруга. Жал ми е поради тоа и мислам дека ова е голем губиток за сите нас кој го сакавме“, изјавил Јокиќ.

За потсетување, Ѓорѓе Балашевиќ почнина на 67. годишна возраст.