Некогаш се гладувало, а денес е една од најуспешните држави во светот

Земјата која пред 150 години ја мачеше гладта, која погоди голем дел од Европа, кога умреа повеќе од 10 % од популацијата во светот, околу 250.000 луѓе, денеска важи за една од најдобрите и најуспешни земји во светот.

Финска според релевантни меѓународни тела и показатели, оценета е како најстабилна, најсигурна и најдобро управувана/водена држава во светот. И тоа била и трета најбогата, трета најмалку корумпирана, втора најпрогресивна во однос на социјалните прашања, и трета најправедна кога е во прашање социјалниот статус на граѓаните.

Финското правосудство се смета како едно од најнезависните на светот, полицијата ужива најмногу доверба меѓу граѓаните, банките се најстабилни, финските компании се втори по ниво на етичност, изборите во државата се втори најслободни во светот, а граѓаните уживаат во највисоките нивоа на лична слобода, право на избор и општ добробит.

И тука не е крајот. Околу 5.5 милиони жители од Финска уживаат во третата најголема еднаквост меѓу половите и петта во најниската разликовитос во приходите меѓу граѓаните.

За да се провери која е тајната на финскиот успех, новинарот Џон Хенли, разговарал со неколку соговорници од таа држава.

Почнал во Хелсинки, со Бенгтон Холмстром, добитник на Нобелова награда за економија.

„Ако погледнете каде сме биле тогаш и каде сме сега, мислам дека апсолутно можеме да говориме за финско чудо. А, како тоа се случило? Е, тоа е добро прашање.

Се разбира, треба да се биде внимателен кога се бараат таканаречените „форули за успех“. На светот не постојат две исти држави, чии околности историја и луѓе се идентични. Па така ни тоа што успеало во Финска не би можело да успее во некоја друга држава“, изјави Нобеловецот меѓу останатото.

Одговорите на прашањата што Финска ја прави успешна се прилично интересни. Особено ако прашањето го поставите на луѓе со различни занаети – економисти, филозофи, социолози, и поранешни претседатели на државата.

„Ние живееме во студено, осро и зафрлено подрачје. Секој мора напорно да работи за себе. Но, тоа често не е доволно, треба да им се помогне и на своите комшии“, вели Тарја Халонен, претседателката на Финска меѓу 2000 и 2012 година.

Дека географската положба и острата клима се меѓу клучните фактори кои ја обликовале Финска и Финците, смета и поранешниот американски амбасадор во Хелсинки, Брус Орек. Него на Финска толку му се допадна што после завршениот мандат останал да живее во Хелсиннки.

„Тоа беше изразено и долгорочно влијание. Поради тоа Финците се самодовлни, држат до приватноста, но истовремено зависат од кооперативното општество во кое правилата многу значат. Тоа е културолошка работа, но стана дел од националната хемија“, вели тој.

„Тоа значи дека работат заедно, колективно, за специфична цел. Се подготвуваат за жетва, подготвуваат дрва, собираат пари. Се е работа на сорабтка. Сите заедно е еднакво“, вели наградената спасителка и авторка на историските романи Сирпа Кахконен.

Кооперацијата и релативната еднаквост се чести мотиви. После 600 години минати под шведска валст, па потоа под руска, Финска беше и демократски сиромашна.

„Немаше кметови, но ниту изразито богата аристократија. Општеството не било хиреархиско построено“, објаснува Кахконен.

Тоа е видливо дури и во денешниот чист, функционален и очигледно просперитетен Хелсинки. Може да одите низ улица рамо до рамо со најбогатиот човек на градот, а за тоа да не бидете ни свесни.

„Овде не ги гледате луѓето од височина. Ги гледате луѓето како себе, еднакви“, вели Орек.

И за успехот на бесплатниот образовен систем, чии основи се поставени уште во 1866 година, далеку поодамна пред стекнувањето на независност, корените веројатно треба да се бараат во егалитарното друштво, тврди социологот Рита Јалиној.

„Образованието беше клучот за нашиот напредок“, додава таа.

Филозофот и професор Илка Нинилуото смета: Целата наша држава е социјален конструкт, кој го создадоа универзитетските професори“.

„Академците кои стоеле на чело на националното движење, ја формирале Финска како нација, нејзиниот јазик,историја, книжевност, музика, симболи, фолкор. Лидерот на нашето национално движење, беше професор по филозофија“, вели Нинилуото, алудирајќи на своеврсниот татко на нацијата, Адолф Ивар Арвидсон.

Една од клучните причини поради кои Финска отсекогаш се впишувале меѓу оние со нјависока стапка на писменост е и еден декрет од 19 век, според кој немало можност да се склопи брак во Лутеранската црква, доколку удниот маж и идната жена претходно не го минале тестот на читање.

Финска постојано бележела стабилен раст, низ војната, низ колапсот на Советскиот Сојуз и длабоката рецесија во 90-те години, нешто што ја потикнало довербата во државните институции.

„Луѓето тука континуирано ја критикуваат владата, често од многу добри причини. Но, во основа и веруваат“, смета Кахконен.

Финска е позната како држава на благосостојба со дури 31% од БДП, е втор најголем процент меѓу земјите на ОЕЦД, трошејќи на разни форми на социјална и општествена помош за своите граѓани.

„Ако веќе имате држава на благосостојба, единствен начин да ја задржите е да работите многу добро, така што нема смисла да бара алтернатива во приватниот сектор“, напоменува Халонен.

Важната состојка на финската формула на успехот, е меѓусебната верба меѓу граѓаните, кој едни на други си веруваат повеќе отколку што тоа е случај во повеќето други држави, смета адвокатот Андре Чакер, кој е роден во Канада, но во Финска живее веќе 25 години.

Таа доверба е работа на самопочит и желбата за иновации. Светскиот економски форум, ја смета Финска за најиновативна држава на светот, гледано по глава на жител. Иако државата со години доминирале големите рударски и шумски фирми, па подоцна некоја моќна „Нокиа“, Финска денеска заостанува зад Силицијамската долина во бројот на стар-ап по жител.

Хенли заклучува дека „магичната формула за успех“ на Финска се повеќе фактори: самопочитта, соработката, еднаквоста, почитта кон образованието, образованието и довербата. Всушност се се сведува на поинаков квалитет на однос, своевидна норидска теорија на љубов која во помал облик е присутна и во Норвешка, Шведска и Данска.

 

Scroll to Top