Неколку чекори за добар брак и мир во куќа

За да имате убав брак,  потребно е да работите на него. Ова се некои чекори кои гарантираат мир во куќа.

Не работете ноќе

Дури и ако имате многу работа. Сето тоа може да почека до утре. Подобро е тоа време да го поминете со партнерот.

Не разговарајте за проблемите пред спиење

Ако ви пречи нешто во текот на денот, најдобро е да разговарате за тоа веднаш, отколку да чекате вечер. Навечер разговарајте за пријатни работи, смејте се, направете си пријатна атмосфера.

Гушнете се

По напорниот ден на работа, бакнежи и прегратките се токму она што и вам и нему му се потребни. Понекогаш, едноставно прегратката може да ја извлече од вас сета негативна енергија и да ве наполни со сила.

Одете во кревет во исто време

Нека тоа биде добра навика за вас. Ова ќе ве зближи.

Оставете го телефонот

8 од 10 парови заспиваат со телефонот в рака. Подобро е времето да го поминете со партнерот отколку пребарувајќи го интернетот. Секогаш ќе имате време за друштвени мрежи.

Испратете ги децата да спијат во друга соба

Вие двајца морате да имате свој личен простор. Децата можат понекогаш да спијат со вас, но тоа не смее да ви стане навика.

Бидете искрени еден спрема друг

Брачниот пар мора да каже сè што има еден на друг: и добро и лошо. Тајните и приговорите не водат кон ништо добро. Тие само ги расипуваат и најсилните тврдини.

Scroll to Top