Нема човечност: Млада девојка се породи на улица, а никој не застана да и помогне!

Една Индијка (17) била принудена да се породи среде улица во градот Чандил. Девојката била напуштена од страна на нејзиниот семесјтво кога им соопштила дека е бремена.

Иако била на речиси 100 метри оддалеченост од болницата, се породила на улица, а кратко потоа е снимено видео кое покажува како бебето го замотала во фустанот, а папочната врвца се уште не и била пресечена.

Локалните медиуми пренесуваат дека никој од блискиот здравствен дом не дошол да и помогне.

– Беше во очајна состојба. Се тресеше и не можеше да го поткрене детето, а покрај неа само поминиуваа возила и мотори. Немаше сила ниту да се помрдне, рече еден од минувачите.

Локалните власти конечно со рикша ја пренеле до болнциата и ги нападнале лекарите дека не сакале да и помогнат на несреќната девојка.

Наводно, девојката живеела со мајка која ја избркала од дома кога дознала дека е бремена, а по тие вести и таткото на детето ја напуштил.

https://www.youtube.com/watch?v=oZ__zOSV5mw

Scroll to Top