Неподвижно и немо девојче го спаси братот

Деветгодишната Лекси Комо Дриздел која е парализирана и нема, со целиот глас почнала да вика поради тоа што нејзиниот брат кој имал само 18 месеци успеал да излезе од креветчето и да падне во базенот во дворот.

Нивната мајка кога го слушнала крикот на Лекси, помислила дека испаднала од нејзината инвалидска количка. Но, сепак не била таа на која и била потребна помошта.

До девојчето прва стигнала нејзината баба. Кога видела дека вришти и го вперува прстот во базенот, таа успеала да го извлече на време.

„Викаше и покажуваше кон вратата. Веданаш сватив дека Лиланд не е со неа. Не морате да одите и говорите. И на овој начин постои можност да ве слушат и да помогнете. Таа му го спаси животот“, изјавила бабата Ненси.

Момчето веднаш е пренесено во болница и било во стабилна состојба.

Членовите на семејството кои во тој момент го продготвувале роденденот на Лексин, сега велат дека ќе постават ограда меѓу куќата и базенот. Тие велат дека ова не е прв пат да Лиланд сам успее да ја отвори вратата.

Нивната мајка велува дека нејзината ќерка е многу паметна девојка чиј инвалидитет е целосно физички.

„Нејзината приказна треба да ги потсети луѓето дека тие кои не можат да говорат знаат што се случува околу нив“, истакнала таа.

Полицијата и градоначалникот и оддадоа признаине.

„Херојот доаша во сите големини“, навел градоначалникот на својот Твитер профил.

Scroll to Top