Несовесни роднини оставиле баба пред дом за стари лица

На роднините на една старица во Бразил им се заканува казна до три години затвор, затоа што буртлано ја оставиле пред домот за стари лица, за време на студената ноќ.

На видеото кое го снимиле безбедносните камери, се гледа како шеесет и четири годишната старица за време на полноќ се движи пред зградата.

Додека колата брзо се оддалечува, може да се забележи дека таа плаче и се обидува да свати што се случува со неа.

„Не знам. Живеев со нив“, изјавила таа кога ја прашале за роднините.

„Ме однесоа далеку од дома. Не ги мразам, но тие не требаа да го направат тоа“, изјавила старицата.

Вработените во домот, кои биле сведоци на настанот, тврдат дека не е нивна одговорност да ја примат и дека тоа  работа на полицијата.

Вчера во јавното обвинителство во Санта Катарина, објавиле дека побарале од семејството да го плати престојот на старицата во домот.

Нејзиното семејство тврди дека имало несогласувања околу воспитувањето на децата и дека имале финансиски проблеми.

Полицијата открила дека живеела со својот внук и неговата сопруга. Жртвата е вратена кај роднините во Тијукас, место кое е оддалечено од домот час и половина. Старицата одбила да остане и привремено ќе биде сместена кај комшиите, додека полицијата и социјалните служби не спроведат истрага.

Scroll to Top