Неверојатно добар сочуван римски мозаик откриен на Кипар

By
Сцените од трките со двоколички на хиподромот на отворениот стадион, се простираат на површина од речиси 26 метри, колку што е и мозаикот долг. Илустрацијата се во целост напишани на грчки јазик, кои ги наведуваат имињата на коњите и тркачите.

dobivaj vesti na viber

По повеќегодишните ископувања, археолозите на Кипар открија редок голем римски поден мозаик стар речиси 2000 години.

Сцените од трката со двоколичките на хиподромот на отворениот простор се на површина од речиси 26 метри, колку што е мозаикот долг. Илустрациите се во целост со натписите на грчки јазик, кои ги наведуваат имињата на коњите и тркачите.

Се претпоставува дека мозаикот е дел од галеријата на прекрасната резиденција од 4 век на нашата ера, а научниците наведуваат дека тоа е само еден од неколкуте такви антички мозици. Тој со векови лежел под земјата недопрен во селото Акаки, околу 14 километри од Никозија, се додека еден фармер на неа од 1938 година, случајно не го пронајде другиот дел од истата резиденција.

Целиот мозаик е открин подоцна, под местото под кое некогаш минувала железничка пруга. Главното ископување на тој локалитет почнал во 2013 година, а целиот мозаик е откриен во 2016. Набрзо, потоа повторно е затрупан поради заштита.

„Ова е единствениот мозаик на Кипар, и еден од деветте, кои ги прикажуваат сцените на трката со двоколичкки, пронајдени во целиот римски свет“, изјави главниот археолог Фрањо Хаџикристоф за агенцијата AP.

„Многу се ретки циркуските сцени на мозаиците, како овој во Акакијо. Обично со нив се прикажани коњите или двоколките, но целиот хиподром и трки на него се голема реткост“, заклучи тој.

 

 

 

Ќе ви се допадне

sunwin.apk mới nhất tải sunwin sunwin.apk mới nhất

sun win

sunwin.apk mới nhất sunwin apk game sunwin

sun win

sunwin