Невин лежел во затвор скоро четири децении, по 37 години ја прегрнал мајка му како слободен човек

By

Американецот Роберт Дибоаз (56), од Флорида, последните 37 години ги поминал во затвор, заради силување и убиство. Тој по четири децении конечно ја гушнал мајка му како слободен човек.

Роберт бил пуштен на слобода, затоа што биле откриени нови докази кои ја потврдуваат неговата невиност. Бил осуден во 1983 година за убиство на 19 годишната Барбара Грејмс.

Бараба по враќањето од работа, била силувана, претепана и на крај убиена. Дибоаз потоа бил осуден на основа на само еден доказ, гризнување на лицето на жртвата.

Денес адвокатите во рамки на „Проектот невиност“, повторно ги испитувале доказите, кои довеле до пресудата. Експертите докажале дека лузната на образот на жртвата, не настанала од гриз.

Судијата Кристофер Неш, пресудил дека Дибоаз, кој ја издржувал казната на Флорида, мора веднаш да биде ослободен. Тереза Хол, адвокатката од Единицата за ревизија на пресудите, која е формирана во 2016 година, изјавила дека биле прегледани 3500 документи во овој случај.

 

Таа навела дека поголемиот дел од физичките докази во случајот биле уништени, но успеала да најде доказ за силувањето, кои го испратила на ДНК анализа и благодарние на истиот, утврдено е дека Дибоаз не бил виновен.

„Роберт знаеше дека ДНК ќе го ослободи“, изјавила Суза Фридман, адвоката од „Проектот невиност“.

Случајот повторно бил отворен и властите сега имаат нов осомничен за силувањето и убиството на Барбара Грејмс. Хол изјавила дека осомничениот во овој момент не претставува никаква закана по јавната безбедност.

Судијата за 14. септември закажал ново сослушување на кое би требало да се поништи целата пресуда за Дибоаз.

Ќе ви се допадне

TwistMoe: Detective Conan Movie 14: The Lost Ship in the Sky anime episode Full online free at https://twistmoe.net animes online

Website https://animekisa.in: Watch Iron Virgin Jun animekisa Episode Full dubbed anime

Website https://animetv.cc: Watch The Pilot's Love Song animetv Episode 13 anime tv attack on titan

Watch Rowdy Sumo Wrestler Matsutaro!! Episode 23

Metal-archives: https://www.metal-archives.com/users/gogoanimebe

Sites google: https://sites.google.com/view/animedao-official/home