Ни погреб ни кремирање! Која е иднината на испраќањето на починатиот на другиот свет

By
Единствен противник на овој метод се погребните претпријатија, кои стравуваат дека би можеле да останат без работа.Оние што го планираат својот или погребот на своите блиски главно се двоумат меѓу следните опции: погреб или кремирање? Сепак, во не толку далечна иднина, можеби нема да мора да го избираме ниту едното ниту другото.

Починатите во иднина, најверојатно, ќе може да се одлучат за процесот на распаѓање, односно алкална хидролиза.

Посетата на Rezomator на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес открива дека станува збор за уред во кој натриумхидроксидот се меша со вода при температура од 300 Целзиусови степени.

Во периодот од четири часа силната алкална база предизвикува распаѓање на сѐ, освен на скелетот.

„Од продажба на гробните места, ковчезите, венците и другата придружна опрема, како и давањето услуги за превоз на ковчегот до гробиштата, многу компании годишно остваруваат милијарди долари профит“, вели Дин Фишер со Калифорнискиот универзитет.

„Затоа, сосема разбирливо е зошто не сакаат да се натпреваруваат со нешто што чини 45 долари“, смета тој.

Овој вид третирање на покојникот во моментот е легално во 14 американски држави, иако со закон не е прецизно дефинирано дали сепак станува збор за некој вид кремирање или целосно нов процес.

Сите детали можете да ги гледате подолу:

 

Ќе ви се допадне