Еден од градовите што имаат проблем со отстранувањето на животинските остатоци е Суботица. Кога новинарка на ЦИНС на почетокот на септември ја посетила локацијата на некогашните сточни гробишта во Бајмок, кај капијата затекнала фрлени тела од младо прасе, мртво куче, кожа од зајак и кеса со непозната, но сомнителна содржина.
Сточните гробишта се затворени, но градските власти на мештаните им дозволуваат трипати неделно на таа локација да остават животински отпад кој потоа се собира во контејнер. Потоа вработените од комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“ ги носат во активна јама. Сепак, непрописното одложување на животинските остатоци е честа појава на подрачјето на тој град.
Во Србија се дозволени четири начини на одложување и преработка на животински отпад: палење во кафилерии, закопување и палење на сточните гробишта или во јами-гробници, а во исклучителни случаи закопување на самото место е со контрола од инспекција.
Управата за ветерина во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има регистрирано една легална сточна гробница во близина на Неготин, но и таа е затворена во 2016 година. Постојат 10 јами-гробници, но само суботичката се користи за сите видови животински отпад, а пет не се во функција. Во другите четири се фрлаат пцовисани кучиња и мачки.
Според податоците за Управата за ветерина, во функција се четири кафилерии. Тие на најсоодветен начин го третираат животинскиот отпад поради тоа што остатоците се преработуваат во енергенти, а заразите се уништуваат на висока температура. Меѓутоа, кафилериите се соочуваат со голем број финансиски проблеми и судски постапки.
Во ветеринарската установа „Протеинка“ од Сомбор се носат собраните животински остатоци од подрачјата на повеќе градови во Србија, вклучувајќи го и Белград. Таа кафилерија е единствената во Војводина овластена да презема заразен отпад. Но, „Протеинка“ и нејзините одговорни лица се осудени поради двегодишното незаконско одложување и неуништување на опасниот отпадот, а во тек се и судења за уште четири обвиненија.
Целото истражување пронајдете го на овој линк.