Никогаш не виделе толку крв: Капачите панично бегаа од вода поради опасната ајкула

Вода обоена од крв ги исплаши сите посетители на плажата Кејп Код зошто меѓу нив се прошири страв дека ајкула нападнала еден од капачите.

Видеото кое се појави на интернет ги покажува вознемирените капачи како ги довикуваат своите пријатели или членови од семејството побрзо да излезат од вода.

Ајкула се појавила покрај двајца тинејџери кои првпат во животот тргнале да сурфаат.
„Сите викаа „Излези од вода! Мислев дека сум мртов и дека ајкулата ме фатила за нога“, рече Ниси Шлингер.

Подоцна се утврдило дека ајкула нападнала фока.

– Фоката направи голема галама, звучеше како врескање. Никогаш не сум видела толку крв, рече авторот на снимката.

Scroll to Top