Никој нема да одговара за смртта на генералот Слободан Праљак

Истрагата на Хашкиот трибунал за самоубиството на генералот Слободан Праљак е завршена и ништо не укажува на каков било пропуст на службите за безбедност и протоколот на трибуналот, изјавила неговата адвокатка Ника Пинтер.

Некои медиуми наведуваат дека тоа значи дека никој нема да одговара за внесувањето на хемикалиите со кои Праљак изврши самоубиство, но и дека нема одговор на прашањето како отровот воопшто стигнал во судницата на Хашкиот трибунал.

Адвокатката изјавила дека уште една истрага води до холандската полиција, која резултатите ќе ги достави до хрватското дипломатско претставништво.

Во собата на Слободан Праљак, по неговата смрт, е пронајден плик со името Ника, а во него имало уште едно писмо, упатено до неговата сопруга.

Пинтер вели дека веднаш ќе одговори на повикот на судот ако се покаже како соучесник во смртта на Праљак додавајќи дека оваа истрага ќе биде краткотрајна бидејќи со Праљак не се видела изминатата година.

Откако му е потврдена казната затвор од 20 години поради наводните воени злосторства направени во БиХ, Праљак на 29 ноември минатата година во хашката судница испи отровна течност од шишенце за која подоцна е утврдено дека е калиум цијанид.

 

 

 

Scroll to Top