Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето годинава почнува на 25 октомври (недела) во 3 часот по полноќ со поместување на времето за еден час наназад. Така, времето во 3 ќе се смета како 2 часот, информираат од Бирото за метрологија.

Ова најверојатно ќе биде последното менување на времето од летно во зимско. Откако во последната недела од март догодина времето ќе се префрли на летно сметање, часовникот веќе нема да се враќа наназад.

За укинување на летното и зимско сметање на времето во ЕУ се зборуваше и лани, но Советот на министри за транспорт и телекомуникација изрази загриженост дека земјите не се подготвени да се прилагодат на новите услови во толку краток временски период и повикаа последната промена да се одложи до 2021 година. Дотогаш, земјите членки треба да преговараат за временските зони и трајно да прифатат да се водат по летно или зимско сметање на времето.

Scroll to Top