Норвешката војска бара регрутите да ги вратат гаќите, градниците и чорапите по служењето на воениот рок

Норвешката војска бара регрутите да ги вратат гаќите, градниците и чорапите по служењето на воениот рок. Војската им ги побара назад  поради недостигот на залихи кои настана за време на пандемијата.

Тие сега велат дека истите ќе ги користат следните генерации на војници.

„Поради предизвикувачка ситуација со залихите, овој потег е неопходен бидејќи обезбедува поголемо количество облека за регрутите кои го почнуваат воениот рок. Со соодветни проверки и чистење, повторната употреба на облеката се смета за адекватна и здрава практика“, објави Норвешката организација за воена логистика.
Ова не е првпат војската да се соочува со недостиг од залихи и со овој проблем земјата се соочува веќе со години, пренесува списанието на норвешката војска „Форсваретс форум“.
Досега пракса беше војниците да ја враќаат облеката, освен долната облека и чорапите. До неодамна, околу 8.000 мажи и жени кои секоја година го служеа воениот рок ја враќаа облеката.
Воениот рок е задолжителен во Норвешка и за мажи и за жени и трае меѓу 12 и 19 месеци. Во јуни 2020 недостигала една третина од облеката и опремата на војниците.
Scroll to Top