Нострадамус предвидел атентат врз Доналд Трамп во вториот мандат

Голем број теоретичари на заговор сметаат дека во наредниот период големи се шансите да се оствари предвидувањето на најголемиот пророк во историјата Нострадамус и дека некој ќе се обиде да изврши атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп.

Следбениците на Нострадамус се убедени дека тој ги има предвидено сите монументални настани низ историјата, како и оние кои допрва треба да се случат.

Крег Хамилтон-Паркер, британски пророк, изјавил за „Екпрес“ дека Нострадамус досега ги погодил сите настани поврзани за американскиот претседател. Тој го предвидел вооруженикот конфликт на Блискиот Исток, како и обновените односи со неговиот руски колега кои се случија годинава.

Единствена работа која Паркер вели дека Нострадамус не ја предвидел e брегзит.

„Чувствувам дека предвидувањето на Нострадамус за обидот за Трамп ќе се оствари. Мислам дека Трамп ќе го добие и вториот мандат на наредните претседателски избори. Тој досега ја погоди војната на Блискиот Исток, склучениот договор и одличните односи кои Трамп ги има со Владимир Путин. Единствена работа која не ја предвиде Нострадамус е брегзит“, вели Паркер.

 

 

Scroll to Top