Нов супертајфун Трами и се заканува на Јапонија и Тајван. Азија сеуште се опоравува од штетата која пред само две недели која ја направи тајфунот Мангкут.
Фотографиите од новиот супертајфун, ги направи астронаутот на Меѓународната вселенска станица Александар Герст и истите ги објави на Твитер.
As if somebody pulled the planet’s gigantic plug. Staring down the eye of yet another fierce storm. Category 5 Super Typhoon Trami is unstoppable and heading for Japan and Taiwan. Be safe down there! #TyphoonTrami pic.twitter.com/4VmY2hhj2c
— Alexander Gerst (@Astro_Alex) September 25, 2018
„Како некој да извлекол голема тапа од нашата планета“, напишал Александар.
„Гледаме уште една голема бура. Тајфунот од петта категорија е незапирлив и се упатува кон Јапонија и Тајван. Бидете безбедни вие доле“, дополнил Александар во коментарот на фотографиите.
After meandering over the open ocean, powerful Typhoon #Trami will accelerate toward #Japan’s Ryukyu Islands from Friday into this weekend: https://t.co/9OBJGwnvEH pic.twitter.com/fqP7gqacXR
— AccuWeather (@breakingweather) September 26, 2018
Актуелните прогнози влеат дека тајфунот ќе го погоди северниот и централниот дел на земјата, како и јапонскиот остров Рјукју.
Currently a super #typhoon, #Trami poses a danger to #Japan this weekend. https://t.co/oCZB2G15Ym pic.twitter.com/fuHnpviSMs
— The Weather Channel (@weatherchannel) September 25, 2018
Метеоорологот на Си-Ен-Ен Том Сејтер изјавил дека бурата се смирила, а метеоролозите чекаат да видат по кој пат ќе мине.
Се очекува бурата да ја изгуби силата пред да удри во Јужна Јапонија за четири дена. Аксо изгуби на сила, ќе биде бура од 4 категорија, а дождливото време пред тајфунот би можел да предизвика поплави и лизгање на земјиштето.