Објект што личи на планета ќе помине блиску до Земјата во 2031 година

На далечните подрачја на Сончевиот систем има многу мистериозни објекти, а сега еден од нив почна да се приближува до нашата планета. Последните неколку години, научниците со голем интерес го следат вселенското тело со име 2014 UN271, кое е малку преголемо за комета, а сепак е премало за да биде планета.

Неговата точна големина сè уште не е позната, но се проценува дека неговиот дијаметар е помеѓу 100 и 370 км, најверојатно околу 160 км.

„Ова значи дека е слична по големина или поголема од огромната комета C / 1729 P1 и дека е веројатно најголемиот објект откриен некогаш во Оортовиот облак – кој скоро може да биде џуџеста планета!“ – рече астрономот аматер Сем Дин.

Иако не е доволно голем за џуџеста планета, 2014 UN271 навистина може да биде најголемиот објект на Ооровиот облакт што сме го виделе досега. Оортовиот облак е сферичен облак (на сликата подолу) составен од комети и слични тела кои кружат околу Сонцето на растојание до една четвртина од растојанието на најблиските sвезди.

 

Повторно блиску за 612.190 години
2014 UN271 е поголем од рекордерот од модерното време, кометата Hale-Bopp (C/1995 O1), чијашто ширина беше околу 60 километри. Кометата од 1729 година (C / 1729 P1) можеби имала дијаметар од 100 километри, но никогаш не се доближила до орбитата на Јупитер, а набљудувачите од тоа време не можеле да ја утврдат нејзината точна големина, пишува Sky & Telescope.

Ова тело во 2031 година ќе и се приближи најблиску на Земјата во последните неколку стотици илјади години за време на својата орбита; ќе се наоѓа на исто растојание како Сатурн. Можеби на некои не им изгледа премногу блиску, но всушност е изненадувачки кратко растојание доколку целиот сончев систем се земе како мерка.

Астрономите се надеваат дека тогаш ќе биде доволно јасно за непречено набудување на ова тело од Земјата, затоа што повторно ќе ни се доближи за 612.190 години. За подобро да се илустрира колку време е ова, треба да се напомене дека поминало многу од појавата на неандерталците.

Посебна прилика
2014 UN271 има необична траекторија, односно орбита околу Сонцето што ја води низ сите делови на Сончевиот систем. Понекогаш се наоѓа релативно блиску до Сонцето, а понекогаш патува на самиот крај на нашиот Сончев систем, флертувајќи со меѓуѕвездениот простор, пишува Футуризам.

Тоа е исклучително редок настан за тело кое знае да орбитира толку далеку од нашата ѕвезда, да се пробие до внатрешниот дел на Сончевиот систем. Затоа, ова ќе биде одлична можност за астрономите да го проучат изгледот и структурата на телата како 2014 UN271, без да треба да лансираат сонда во вселената и потоа да чекаат години и години за да достигне толку далечен дел од нашиот Сончев систем.

За жал, овој настан нема да биде толку „интересен“ за астрономите-аматери бидејќи 2014 UN271 на ноќното небо во 2031 година ќе биде еднакво сјаен (или со слаб сјај) како Плутон или неговата месечина Харон и ќе биде многу тешко да се забележи без професионална опрема.

Извор: Index.hr

Scroll to Top