Обложувалниците „Моцарт“ ќе донираат современа медицинска опрема на Клиниката за детски болести – Скопје

Спортските обложувалници „Моцарт“  и  Универзитетската клиника за детски болести во Скопје потпишаа меморандум за соработка според кој обложувалниците се обврзуваат сите средства од донаторската кампања „Заедно можеме сè“ да бидат наменети за набавка на неопходна опрема за оваа медицинска установа.

Секој играч на „Моцарт“  со уплата на тикет за натпреварите од Светското фудбалско првенство активно се вклучува во хуманата кампања за собирање средства за медицинска опрема. Од стартот на Мундијалот во кампањата под мотото „ Играме во ист тим – тикет за живот“, на сите уплатни места до овој момент, со собраните средства ги надминаа и најоптимистичките предвидувања, што само покажува дека Македонците се одлични познавачи на фудбалот и хумани луѓе со широко срце.

Во разговорите со директорката на Клиниката, д-р Катерина Ставриќ, како и лекарскиот и менаџерскиот тим на Детска клиника,  веќе се работи на утврдување која медицинска апаратура, според нивните потреби, е приоритет.  Веднаш откако ќе се знае собраната сума, ќе се отпочне со процесот на набавка.

Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравстена установа од ваков вид во земјава. На клиниката се спроведува специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на педијатријата, а се изведуваат и образовна, научно-истражувачка дејност и усовршување на медицинскиот кадар. Минатата година на оваа клиника биле хоспитализирани над 7400 деца, а повеќе од 54000 деца добиле амбулантска, специјалистичка и супспецијалистичка педијатриска грижа. Во просек дневно на клиниката се спроведуваат и до 10 000 различни здравствени анализи и испитувања.

„Горди сме што имаме можност да придонесеме за работа во подобри услови и со посовремена опрема на клиниката, која има најблагородна улога – грижа за здравјето на најмладите. Сите кои се забавуваат следејќи ги возбудувањата на Светското фудбалско првенство во Русија сигурни сме дека се среќни што ‘Играме во ист тим’ и што токму нивниот ‘Тикет за живот’ придонесува во унапредувањето на условите за брза и точна дијагностика, ефикасен третман и  што побрзо оздравување на секој пациент на Клиниката за детски болести“ – изјави Васко Илијевски, маркетинг-менаџер на Спортските обложувалници „Моцарт“ .

Во Русија привршува групната фаза, но следуваат возбудувањата од нокаут фазата така што се очекуваат одлични натпревари и уште многу тикети со чии донации собраната сума ќе расте секојдневно.

Бидејќи „Заедно можеме сè“, тимот на „Моцарт“  нема да биде изненаден ако оваа хумана кампања ги надмине сите очекувања.

Scroll to Top