Катар објави дека ги укинува визите за државјаните на 80 земји со цел развој на туризмот и авиосообраќајот, а одлуката влегува во сила веднаш.
Од денеска граѓаните на 33 држави ќе може да останат во Катар 180 дена без виза, а од другите 47 држави ќе може да останат во земјата 30 дена.
На листата со држави се Велика Британија, САД, Канада, Индија, Јужна Африка, Сејшелите, Австралија и Нов Зеланд, но и Македонија.
На списокот се и земји-членки на шенген-просторот, како и други западни, латинскоамерикански и азиски држави.
Либан е единствената арапска држава што се наоѓа во Заливот, а ја има на списокот.
На странците за влез во земјите од Персискиот Залив, најчесто им е неопходна виза, која се издава под строги критериуми.