Од денеска невреме во Македонија

Од денеска Македонија ќе се наоѓа во циклонски систем, што значи ќе кружи влажен и значително понестабилен воздух (висински циклон). Тоа ќе ја дестабилизира атмосферата, па вренежите и грмежите ќе зачестат на повеќе места, особено во пладневните часови. Нè очекува циклонот Владимир, предвидува метеорологот Славчо Попоски.

Поради значително загреаната атмосфера, како и поради високите температури на воздухот, ќе се создадат услови и за локални поинтензивни атмосферски процеси кои би можело да бидат застапени во форма на невреме.

 

Scroll to Top