Од компанијата „Спејс икс“ им испратија божикни подароци на астронаутите во Меѓународната вселенска станица

Од компанијата на „Спејс икс“ им испратија божиќни подароци на астронаутите во Меѓународната вселенска станица. Тие денес ги испратија подароците, слатките и залихите, а за возврат го добија 100 успешно слетување на ракетата на оваа компанија.

Лансирањето беше направено рано утрото од вселенскиот центар на НАСА, „Кенеди“, а ракетата „Фалкон“ ја однесе капсулата „Драгон“, која беше наполнета со опрема тешка 2950 килограми работи наменети за 7-те астронаути на вселенската станица.

Меѓу работите кои треба да стигнат на вселенската станица има и божиќни подароци кои ги подготвија семејствата на астронаутите. Во нив има и пушени риби, мисирка, боранија и овошни колачи за празничната трпеза.

Има и експериментални детергенти за долна облека, затоа што астронаутите го фрлаат нивниот валкан веш. Американската компанија Prokter i Gembl развива целосно раздразлив детергент за можна употреба на вселенската станица, на Месечината па и пошироко.

Компанијата „Спејс икс“ оваа година го заврши 31 лансирање на ракети, што досега е најголем број на лансирања кои ги направила оваа компанија.

 

Scroll to Top