Од незаборавните хитови до нови песни: Само едно момче и 13 девојчиња за 50 години „Златно Славејче“

By

50 години „Златно славејче“ денес беше вистинско освежување во салата „Борис Трајковски“, каде по две години од пендемијата се отпеаја 14 нови песни.

Интересно беше што овој пат настапија 13 девојчиња и само едно машко. Водител  беше Марко Новески. За јубилејот на славечето се слушнаа и рефрените на  “Дувна ветре развигорче“, “Ех тој Тоше“, “Рингишпил“, “Бонбонче“, „Мојата учителка“, “Никола Никола“ кои ги испеаја Дац и Александар.


“Мило ми е што пак се дружиме, со многу убава музика и оваа година. Златно славејче оваа година бележи 50 години од првиот фестивал и за овие години многу познати музичари настапиле на оваа сцена. Ама за 50 години на фестивалот поминале и над 1 милион посетители”, рече Марко на почетокот на фестивалот, кој и овој пат ги спои генерациите.


Пред бината имаше многу деца кои играа, некои сами, некои со родителите. Во публиката беа и познатите фаци, како поп-пејачката Тамара со децата, екс-фудбалскиот селектор Игор Ангеловски- Мрме со ќерката.

На среде фестивал на видео бим пуштија песна од Влатко Илиевски кој долги години беше водител на детскиот фестивал и за цело време одеа негови фотографии. Имаше гости од од Романија, Албанија и Бугарија кој настапија на фестивалот. На врата бараа сертификати и беше запазена дистанцата.

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV: Chobits: Hibiya and Kotoko Chat (Dub) anime episode Full online free at https://animetv.cc anime tv shows list

Ketsuekigata-kun! Episode 12

AniWatch Watch english anime Online in HD for FREE

GoGoAnime Watch english anime Online in HD for FREE

Watch Toshi Densetsu Monogatari Hikiko Episode Full