Во наредните три дена во Европа ќе пристигне уште еден студен бран, а метеоролозите велат дека може да се очекува и првиот сериозен снег оваа сезона.
Студениот фронт што стигнал од северот веќе ги зафатил Алпите, каде што на врвовите се очекува снег. Особено заладување се очекува да се случи во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а утре се очекува на југот на Франција и западниот Медитеран да биде уште постудено.
Another cold wave of Arctic airmass pushed across west-central Europe into the Med in the first days of October. Much colder Monday ahead for UK, France and Benelux tomorrow, Tuesday should be very cold across S France and W Med. Another cyclone forms there on Tuesday as well. pic.twitter.com/THX2T1WcYv
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) September 30, 2018
Вториот студен бран се очекува по среда и ќе ги зафати источна Европа и Балканот.