Од утре нови врнежи од снег

Утре во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Тие ќе бидат поизразени на повисоките места и на планините, јави УХМР. Во следните денови ќе преовладува променливо време со повремени сончеви периоди и со услови за слаб локален снег.

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и значително постудено време. Преку денот облачноста ќе се зголемува, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од минус 4 до 3 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе биде околу 1 степен.

УХМР јави дека висината на снежната покривика е најголема во Маврови Анови и изнесува 81 сантиметр.

 

Scroll to Top