И покрај тоа, звукот останува нечуен за човечкото уво затоа што фреквенцијата е 10.000 пати пониска од онаа што увото може да ја регистрира. И покрај новите откритија, сè уште не е познато што го предизвикува.
Многумина веруваат дека се во прашање бранови што ги прави океанот, а има и такви што сметаат дека ги предизвикуваат промените во атмосферата.
Универзитетот „Спар веб“ во Колумбија тврди дека мистериозниот звук произведува бранови.
„Благодарение на користените инструменти, утврдено е дека звукот се слуша цело време. Промените во атмосферата настануваат многу бавно, па не можат да бидат причина“, истакнуваат од „Спар веб“.
Ваквите звуци би требало да им помогнат на научниците да дојдат до нови сознанија за внатрешноста на Земјата. Од „Спар веб“додаваат дека е можно да се регистрираат од разни делови на светот.