Од внатрешноста на Земјата се слушаат мистериозни звуци

Неодамна научници од Европа снимиле звук што доаѓа од внатрешноста на Земјата кој со децении се обидувале да го уловат. За звукот се знае уште од 1959 година, но до 1998 година научниците не можеле да докажат дека тој е реален.Сите досегашни обиди за бележење завршиле со успех на површината на Земјата, но за звукот да се потврди, било потребно да се сними и на дното на океаните.Истражувачите од Велика Британија, Франција и од Германија го проучувале овој феномен 11 месеци на дното на Индискиот Океан, источно кај Мадагаскар.Податоците се забележани во периодот меѓу 2012 и 2013 година кога експертите успеале да го лоцираат местото на кое може да се чуе овој специфичен звук.

И покрај тоа, звукот останува нечуен за човечкото уво затоа што фреквенцијата е 10.000 пати пониска од онаа што увото може да ја регистрира. И покрај новите откритија, сè уште не е познато што го предизвикува.

Многумина веруваат дека се во прашање бранови што ги прави океанот, а има и такви што сметаат дека ги предизвикуваат промените во атмосферата.

Универзитетот „Спар веб“ во Колумбија тврди дека мистериозниот звук произведува бранови.

„Благодарение на користените инструменти, утврдено е дека звукот се слуша цело време. Промените во атмосферата настануваат многу бавно, па не можат да бидат причина“, истакнуваат од  „Спар веб“.

Ваквите звуци би требало да им помогнат на научниците да дојдат до нови сознанија за внатрешноста на Земјата. Од „Спар веб“додаваат дека е можно да се регистрираат од разни делови на светот.

 

Scroll to Top