Огромна векна леб е поставена на скверот во близина на булеварот Партизански одреди на автобуската постојка. Станува збор за герила-акција на млади луѓе како нивен придонес во борбата против сиромаштијата. Урбаната уметничка акција предизвика интерес кај минувачите. На транспарентот под векната пишува: „Стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 21,5 отсто или над 450 илјади луѓе. 70.000 луѓе во Македонија може да си дозволат само три достојни оброци неделно. Над 100 илјади луѓе преживуваат со помалку од 100 денари дневно“.