„Олд Трафорд“ стана театар на соништата за „Севилја“

Фудбалската Лига на шампионите продолжи со мечевите во Манчестер и Рим. Во Англија фудбалските фанови беа сведоци на адреналинска завршница, во која „Севилја“ го исфрли „Манчестер јунајтед“ со 2:1!

Фудбалерите на „Манчестер јунајтед“ ѝ беа домаќини на „Севилја“ во реваншот од осмина-финалето од ЛШ по првичните 0:0 во Шпанија, а „Рома“ имаше задача да направи пресврт против „Шахтјор“ од 2:1, резултат од нивната прва средба.

Место во четврт-финалето резервираа веќе „Ливерпул“, „Манчестер Сити“, „Јувентус“ и „Реал Мадрид“, а в среда се играат преостанатите мечеви меѓу „Бешикташ“ – „Баерн Минхен“ (0-5) и „Барселона“ – „Челси“ (1:1).

Текот на мечот

Жозе Мурињо е познат како тренер што умее да им оди на нерви на навивачите на својот клуб, дури и кога постигнува успеси. Многупати неговата декаденција се покажала успешна, но во првото полувреме против „Севилја“, по резултатот од првиот меч 0:0, постапи во свој стил со спарување на Матиќ и Фелаини.

Тоа не им се допадна на навивачите на „ѓаволите“ и негодувале поради Белгиецот за кого се чинеше дека му недостига креативност во првите 45 минути. Играта на „Севилја“ често била конкретна, но без завршница во првиот дел.

Нешто слично беше и во продолжението. Муријел ги тестира рефлексите на Де Геа, а Лингард ги загреваше ракавиците на сјајниот Рик. Мурињо во 60. минута реши во игра да го внесе Пол Погба.

Французинот во 71. минута ја испрати топката покрај стативата. Португалскиот лисец сметаше дека Погба ќе биде вистинскиот адут да го реши мечот, но беше надмудрен од Винченцо Монтела. Италијанецот го внесе Бен Једери во 72. минута, а му беа доволни само неколку минути за да направи шок кај домашните фанови на „Олд Трафорд“.

Стадионот се претвори во театар од соништата, но за „Севилја“ кога Бен Једер погоди во 74. и 78. минута. Првин ја испрати топката под рацете на Де Геа, а во вториот случај од пречката со глава ја испрати топката преку гол-линијата. Једер покажа дека ни шпанскиот голман Де Геа не може да го спречи.

Шахтјор имаше капитал од 2:1 од првиот меч, но мораше да го положи оружјето пред Вучиќ на олимпискиот стадион.

Александар Коларов од стартот правеше спринтови од својата лева линија, но при победоносниот гол се најде во улога на гледач, а нема сомнение дека со уживање го проследи мајсторскиот пас на Стротман, кој за момент ја пресече целата одбрана на тимот од Донецк.

Џеко подготвен ја дочека топката за разлика од својот ривал, па искусно и рутински го матира Пјатов. На „Рома“ ѝ преостана да го сочува голот до крајот на мечот.

Тоа им го олесни во 79. минута Ордец, кој заработи црвен картон.

Римјаните веќе почнаа да ги тријат рацете поради тоа што станаа шестиот учесник во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Вечерва се играат уште преостанатите два меча во оваа фаза.

 

Scroll to Top